ЦЕНТАР ЗА ПРАВНА ПОМОШ “ РОМИ ЈУСТИЦИЈА “ Скопје

Oстварувањето и заштитата на правата на граѓаните се спроведувааат во рамката на правниот систем  на Република Македонија кој ги предвидува видовите на правата, условите и постапките во кои се оставруваат и заштитуваат. Сопственоста и домувањето, работните односи, заштитата на потрошувачите, пензиското осигурување се само мал дел од правните прашања кои ги засегаат граѓаните.

Клучно за успех во остварувањето и заштитата на правата е познавањето и информираноста на граѓаните за правниот систем. Имајќи во предвид дека се работи за мошне сложен систем од суштинско значење е граѓаните да имаат јасни и разбирливи информации и упатства за граѓаните за правото.