БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Бесплатната правна помош e инструмент за олеснување на пристапот до институциите за граѓаните во случаите кога поради лошата материјална положба немаат доволно средства за да ги сносат трошоците за остварување на своите права.

Бесплатната правна помош се обезбедува на лица кои исполнуваат определени услови и за определени правни прашања.

Бесплатната правна помош се однесува само за правна помош во граѓански и управни прашања. Правната помош во кривични постапки (одбрана за сиромашни) е уредена со Законот за кривична постапка (Службен весник на Р.М бр.150/2010)

Бесплатната правна помош е уредена со Закон за бесплатна правна помош од 2009 год.

Со Законот за правда на децата донесен кон крајот на 2013 година се утврди правото на децата во ризик и децата сторители на кривични дела и прекршоци на бесплатна правна помош во постапките во кои се утврдува нивната одговорност особено пред:

- Центарот за социјални работи

- Министерството за внатрешни работи

- Јавниот обвинител

- Судовите

Постапки пред Центарот за социјални работи

При спроведувањето на разговор со стручен тим од Центарот за социјални работи во врска со фактичките околности на настанот како и специфичната состојба на ризик со детето потребно е задолжително присуство на бранител адвокат ако се работи за 1. Дете во ризик до 14 години со закон е предвидено како кривично дело за кое е утврдена казна затвор од најмалку пет години или кога постои загрозеност на личноста, правата и интересите на детето или  2. кога јавниот обвинител предлага мерки за дете во ризик над 14 години за дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело за кое е утврдена казна затвор до три години, ако според процена на центарот постои загрозеност на личноста, правата и интересите на детето, и ако во стручниот тим не учествува правник.

Доколку семејството на детето не е во можност да ги покрие трошоците за адвокат центарот го определува адвокатот по службена должност од листата составена од Адвокатската комора на Република Македонија.

Постапки пред Министерството за внатрешни работи

Дете во ризик или дете сторител на кривично дело или прекршок може да биде повикано и задржано определено време во МВР со цел собирање на информации. За време на задржувањето не може да се води разговор без присуство на бранител.

Доколку семејството на детето не е во можност да ги покрие трошоците за адвокат МВР определува адвокатот по службена должност од листата составена од Адвокатската комора на Република Македонија.

Постапки пред Јавниот обвинител

Јавниот обвинител може да го сослуша детето пред да донесе одлука дали ќе оди со подготвителна постапка. На сослушувањето учеството на бранител е задолжително.

Доколку семејството на детето не е во можност да ги покрие трошоците за адвокат Јавниот обвинител определува адвокатот по службена должност од листата составена од Адвокатската комора на Република Македонија.

Постапки пред суд

Одбраната во кривичните и прекршочни постапки е задолжителна.

Доколку семејството на детето не е во можност да ги покрие трошоците за адвокат судот определува адвокатот по службена должност од листата составена од Адвокатската комора на Република Македонија.

Кои се условите за стекнување со право на бесплатна правна помош?

Се смеат дека дека семејството не е во состојба да ги плати трошоците за адвокат ако остварува вкупни месечни приходи помали од просечната нето месечна плата на Република Македонија исплатена во претходниот месец, за што треба да достави потврда издадена од надлежен орган, односно организација за вкупните месечни приходи до центарот најдоцна во рок од пет работни дена од денот на добиеното известување за потребната докуметација.

есплатна правна помош ќе се одобри во поединечен случај доколку:

  • Правниот проблем за кој се бара правна помош е правно прашање за кое согласно Законот може да се одобри правна помош и
  • Барателот ги исполнува условите во поглед на имотната состојба.

Бесплатната правна помош се остварува како: 1. Претходна правна помош и 2. Правна помош во судски и управни постапки. 

1. Претходна правна помош

Претходната правна помош овозможува обезбедување на основни правни информации на граѓаните за нивните права и обврски и нивно советување пред започнување на соодветни управни или судски постапки.

Претходна правна помош се остварува како:

Кој обезбедува претходна правна помош?

Претходна правна помош обезбедуваат овластени здруженија и подрачните одделенија на Министерството за правда.

2. Правна помош во судски и управни постапка

Правната помош во судски и управни постапки ги вклучува сите дејствија кои се однесуваат на поведување на постапките, застапување во текот на постапките и постапките по редовните и вонредните правни лекови.

Кој обезбедува правна помош во судски и управни постапки?

Правна помош во судските и управните постапки обезбедуваат адвокатите запишани во регистарот на даватели на правна помош.

Бесплатна правна помош се одобрува само за определени видови правни прашања кои се од особен интерес на барателот и кои најдиректно ја засегаат неговата материјална егзистенција.

Правни прашања за кои може да се одобри бесплатна правна помош се:

Важно:

Бесплатна правна помош нема да се одобри во предмети за кои е очигледно дека се неразумни и неосновани или не постојат факти за преземање на правни дејствија.

Бесплатна правна помош се одобрува само на лица кои ги исполнуваат трите услови кои се предвидени во Законот за бесплатна правна помош.

Лицата заинтересирани мораат да исполнуваат услови поврзани со: правниот статус кој го имаат, вкупниот месечен приход кој го остваруваат и вкупниот имот кој го поседуваат. Барателите мораат да ги исполнуваат сите подолунаведени услови за да можат да остварат право на бесплатна правна помош.

1. Исполнување на определен правен статус

Право на бесплатна правна помош може се стекнат лицата кои се:

  • Корисници на социјална помош;
  • Корисници на правото на инвалидски додаток кои не остваруваат други приходи по основ на заработка или на приходи од недвижности;
  • Корисници на најниска пензија кои живеат во семејна заедница со две или повеќе лица издржувани од негo;
  • Семејства или самохран родител со едно или повеќе малолетни деца кои остваруваат право на детски додаток.
2. Максимален семеен месечен приход

Погоре споменатите категории на лица можат да се стекнат со право на бесплатна правна помош доколку нивните приходи по сите основи  и приходите на членовите на нивните домаќинства не го преминуваат износот од 50% од просечната месечна плата исплатена во Република Македонија за претходниот месец во времето на поднесување на барањето за бесплатна правна помош.

Вкупниот приход по сите основи на лицето барател на бесплатна правна помош и членовите на неговото домаќинство не смее да надминува 10.516,00 денари. 

Приходите на лицето кое бара бесплатна правна помош можат да бидат проценети индивидуално, ако постојат спротивставени семејни интереси во спор за кој се бара бесплатна правна помош

Под приход на барателот на правна помош не се смета:
- детски додаток,
- инвалидски додаток,
- додаток за туѓа нега,
- стипендии и други примања, заради образование и стручно оспособување;
- средства добиени заради отстранување на последици од елементарна непогода,
- надоместок на штета поради намалена животна активност,
- надоместок на штета за неоправдано осудени и неосновано или незаконито лишени од слобода и
- средства одобрени од надлежна институција за лекување во странство

3. Максимална вредност на имот

На барателот нема да му се одобри бесплатна правна помош доколку тој или член на негово семејство со кој живее во исто домаќинство има имот кој достигнува или надминува пет просечни месечни бруто плати исплатени во Република Mакедонија во претходниот месец.

Вкалкулирано вкупната вредност на имотот на барателот и неговото домаќинство не може да биде поголема од 154.375,00 денари (приближно 2.500 евра).

Како имот не се сметаат:
- предмети кои согласно со Законот за извршување се изземени од извршувањето и
- моторно возило чија вредност не надминува пет просечни месечни бруто-плати исплатени во Република Македонија во претходниот месец.

- – - – - – - – -

По исклучок право на бесплатна правна помош имаат и:

  • Баратели на правото на азил, внатрешно раселено лице, како и раселено или прогонето лице кое на територијата на Република Македонија има престојувалиште,
  • Странски државјанин, кој во согласност со меѓународните договори, без оглед дали на територијата на Република Македонија има престојувалиште или живеалиште, остварува негово право за кое е надлежен државен орган на Република Македонија,
  • Лице без државјанство, кое законски престојува во Република Македонијa,
  • Државјанин на земја членка на Европската унија под услови и на начин утврден со овој закон;

1. ЧЕКОР – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Секое лице може да поднесе барање за бесплатна правна помош до надлежното подрачно одделение на Министерството за правда, лично или преку пошта. Барањето се поднесува на пропишан образец во кој се пополнуваат бараните податоци. Во прилог на барањето се поднесува и изјава во која барателот дава овластување да му се изврши проверка на неговата имотна состојба.

Образец за барање за бесплатна правна помош

Изјава

2. ЧЕКОР – ПРИБИРАЊЕ ПОДАТОЦИ ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА НА БАРАТЕЛОТ

Подрачното одделение на министерството за правда на Р.М по приемот на барањето спроведува испитување на имотната состојба на барателот преку побарување на информации за барателот од имателите (Центрите за социјални работи, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Управата за јавни приходи, Катастарот на недвижности и останатите иматели на информации).  Откако ќе ги добие податоците подрачното одделение го комплетира и препраќа барањето до Министерството за правда на Р.М. Подрачното одделение е должно комплетираното барање да го препрати до Министерството за правда во рок од 12 дена од приемот на барањето.

3. ЧЕКОР – ОДЛУЧУВАЊЕ ПО БАРАЊЕТО

Министерството за правда на Р.М по приемот на барањето го зема во работа веднаш или најдоцна во рок од 8 дена и врз основа на добиените податоци донесува одлука со која одобрува или неодобрува бесплатна правна помош во поединечен случај.

ОДОБРЕНО БАРАЊЕ: Во случај на одобрено барање Министерството донесува решение  кое ги содржи: името на барателот, видот на правната работа за која се бара правна помош и адвокатот кој ќе го застапува корисникот на беслатна правна помош. Решението му се доставува лично на барателот и од тој момент може да ја користи правната помош.

ОДБИЕНО БАРАЊЕ: Доколку Министерството најде дека барателот не ги исполнува условите од Законот ќе го одбие барањето за бесплатна правна помош. Против ваквата одлука барателот има право да поведе управен спор со поднесување на тужба до Управниот суд во рок од 30 дена од приемот на решението.

Важечкиот Закон за бесплатна правна помош ги покрива трошоците во постапките кои се однесуваат само за дејствијата на правна помош односно трошоците и наградата на адвокатите. Адвокатите за сите превземени дејствија по завршување на предметот ги наплаќаат трошоците преку поднесување трошковник до Министерството за правда.

Судските такси, трошоците за вештачење, трошоците за обезбедување докази и останатите издатоци не се опфатени и не се покриваат со Законот за бесплатна правна помош.